Прегазен 35-годишен тетовец

Вчера во 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(49) од Тетово, удрило во пешакот Н.К.(35) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. 

Continue Reading

Управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полицаец: приведен велешанец

Утрово во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26) од Велес. Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки. Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон …

Continue Reading

(Видео/фото) Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Вчера, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку дебарски села, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија. Притоа, во близина на селото Дренок, пронајдени се две товарни моторни возила со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, една работна машина за пробивање …

Continue Reading

Уапсен ресенчанец, возел под дејство на алкохол

Денеска во 00.40 часот на улицата „Ленинова“ во Ресен, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фоксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили …

Continue Reading

За осум часа казнети 76 возачи во Скопје, 20 од нив возеле мотоцикли

Синоќа од страна во периодот од 17.00 до 01.00 часот полицијата во Скопје повторно  спроведе засилена сообраќајна контрола на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор. „За време на контролата биле преземени мерки против 76 учесници во сообраќајот, од кои 20 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив четири за возење мотоцикл без возачка дозвола, 10 …

Continue Reading

Беровец пренесен в болница, со трактор паднал во река во Пехчево и се повредил

Пехчевската полиција вчера попладне добила пријава за повреден 58- годишник кој со трактор паднал во река. 58-годишник се повреди вчера откако со трактор падна во река во близина на Пехчево. Несреќата е пријавена во пехчевската полиција, а повредениот веднаш е пренесен на лекување во Скопје. „На 11.05.2025 во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот …

Continue Reading

Уапсен 46-годишрн скопјанец оти ја истепал сопругата и ѝ се заканувал

Ноќеска, неколку минути по полноќ, полицијата во скопски Петровец го уапси 46-годишниот Ј.К.. Полицајците постапувале по пријава дека во домот Ј.К. ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет. Против насилникот ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот, извести Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

На велосипедска патека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Вчера на велосипедска патека на булеварот Јане Санданскин се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен мотор, управуван од К.Л.(71) од Скопје, по што лицето со велосипедот го напуштило местото на настанот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од …

Continue Reading

Битолчанка со измама дошла до лични податоци на маж и си подигнала брз кредит

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Ч.(48) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“. Во текот на мај 2024, пријавената преку социјална мрежа, под друго име, стапила во контакт со лице од тетовско и со лажно прикажување на факти побарала услуга од него и на тој начин ги добила неговата …

Continue Reading