Кавадарчанец возел со 2,52 промили алкохол и излетал од патот

Полицијата вчера го приведе Г.Т.(44) од Кавадарци. „Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта“, велат од МВР. Известен бил јавен обвинител …

Continue Reading

Уапсен тетовец: возел со 2,16 промили алкохол во крвта

Вчера во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот К.В. од Тетово. При сообраќајна контрола на улица „Маршал Тито“ во Тетово било сопрено патничко возило „фоксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал К.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му …

Continue Reading

Кочанчанец синоќа возел со 1,5 промили алкохол во крвта, задржан е во полициска станица

При контрола на патниот сообраќај полицијата на улицата Стево Теодосиевски во Кочани фати 46-годишен кочанчанец кој возел автомобил со 1,5 промили алкохол во крвта. Пијаниот возач веднаш бил отстранет од сообраќајот. „Полициски службеници утрово во 00:23 часот сопреле патничко возило ’сеат’ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А.. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, …

Continue Reading

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу 21 часот во тоалетот на болницата била допирана по телото од страна на лекар во Клиниката. Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Му го оштетил возилото, а потоа со уште неколумина го истепал, инцидент во Трубарево

Вчера во Трубарево, тетовец прво му го оштетил автомобилот на штипјанец, а потоа заедно со уште неколку лица го истепал. Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје, доцна синоќа. „Во 23.30 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 20 часот во село Трубарево,скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, Е.А.(25) од Тетово му го оштетил возилото на Б.М.(44) од Штип, …

Continue Reading

Изгоре автомобил во скопски Центар, нема повредени

Утрово во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, било опожарено патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.. Повредени нема, а Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгасила огнот. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Повреден полицаец на мотоцикл кој бил на задача, во Чаир во него удрил 34-годишен скопјанец

Полицаец на мотоцикл е повреден синоќа во сообраќајна незгода на крстосницата на улиците Џон Кенеди и Благоја Паровиќ во скопски Чаир. „Во 21.45 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ’сеат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(34) од Скопје и мотоцикл ’хонда’, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Љ.С. (кој извршувал работни задачи). По …

Continue Reading

На Блаце уапсен Албанец баран од германскиот Интерпол

Полицијата вчера приведе 31-годишен Албанец баран со потерница од германскиот Интерпол. „На 10.05.2025 во 18 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Л.А.(31) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка ’апси’ по барање на Интерпол-Германија“, соопшти полицијата. Уапсениот е задржан во полициската станица Кисела Вода …

Continue Reading

Кривична за 36-годишен Французин, на Табановце фатен со куршуми за кои немал дозвола

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б.П.Л.(36) од Република Франција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Полицијата извести дека на втори мај на граничниот премин Табановце во возилото „форд“ со кое управувал Французинот биле пронајдени и одземени куршуми калибар 22 мм, за кои не поседувал дозвола.

Continue Reading