Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот
Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот. Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во …
Continue Reading
Кривична пријава за мајка, го терала детето да питачи на Табановце
Полицијата поднесе кривична пријава за мајка која го терала детето да питачи на Табановце. Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете’’. Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала …
Continue Reading
Претепана жена во Кичевско: прво ја тепал сопругот пoтоа му се придружил и синот
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против П.Д.(57) и Б.Д.(26), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик. На 12.05.2025 во 20.30 часот во семејниот дом, П.Д. физички ја нападнал неговата сопруга, по што се приклучил и неговиот син Б.Д. нанесувајќи и телесни повреди. Основниот суд во Кичево донесе …
Continue Reading
Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице
Вчера во село Дедели, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода 43-годишниот Џ.О. од село Дедели. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна …
Continue Reading
Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба …
Continue Reading
Украдени бронзени бисти од градските гробишта „Бутел“
Вчера во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти. Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Маж од Скопје останал без пари и без стан: уапсена 55-годишна жена
Синоќа во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје. Таа се сомничи за сторено кривично дело измама. Имено, од страна на 34-годишен скопјанец на истата и биле исплатени 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека …
Continue Reading
Украдени бистите на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски, спомен бистата на Кочо Рацин оштетена
Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето …
Continue Reading
Ги мачеле животните: кривична за тетовци кои учествувале во борби со кучиња
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.У.(51) од с.Долно Палчиште, тетовско, Ј.И.(44) од с.Дебреше и А.М.(18) од с.Горно Палчиште, тетовско. Тие се сомничат за сторено кривично дело „мачење животни“. Имено на 27.02.2025 во атар на с. Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги затекнале пријавените, кои учествувале со свои кучиња во борба со кучиња.
Continue Reading