Уапсен Унгарец на Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал
Вчера во 08.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода 47-годишниот Ц.З. од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, …
Continue Reading
Кражби во цркви во Сопиште и скопски Центар
Во СВР Скопје вчера во 09.00 часот било пријавено дека во периодот од 18.05.2025 до 19.05.2025 со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во двор на црква на подрачјето на село Сопиште, скопско, биле одземени разни предмети и ѕвоно од камбанаријата. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Денеска (20.05.2025) во 10.00 часот во …
Continue Reading
Тешко повреден мотоциклист од Скопје по сообраќајна незгода со возило
Синоќа во 19.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Македонско – косовска бригада“, бул.„Словенија“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ќ.(29) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се …
Continue Reading
Измамен кумановец: останал без пари и без услуга
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.В.(36) од Куманово. Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“. Во текот на август 2024 година, пријавениот му понудил на лице од Куманово да му го води спорот со странска осигурителна компанија, а откако се договориле, во два наврати му земал вкупно 1.700 долари, но договореното не го исполнил.
Continue Reading
Уценици нападнале вработена во училиште во скопски Центар
Вработена во средно училиште во Центар била нападната од ученици во училиштето. Имено вчера во 09.05 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(53) од Скопје пријавила дека на 08.05.2025 околу 18.10 часот во ходник од средно училиште на подрачјето на Центар, каде е вработена, била физички нападната од четворица малолетници – ученици во училиштето. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување …
Continue Reading
Скопјанец пронајден починат во својот дом
Вчераво 15.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачје на Центар во Скопје е пронајден починат Т.Ј.(66) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Continue Reading
Кичевец со спреј испрскал сограѓанин пред полициска станица, па нападнал полицајци
Против 32-годишниот, Е.С. од кичевското село Пласница поднесена е кривична пријава поради предизвикување општа опасност и напад врз службено лице. Од СВР Охрид информираа дека во саботата, во близина на полициската станица во Кичево, тој го нападнал А.А.(28) од кичевското село Туин и го испрскал со спреј по лицето. Потоа нападнал и полициски службеници.
Continue Reading
Уапсени тројца битолчани: при претрес пронајдена дрога
Вчера во 19.55 часот во село Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода 33-годишниот М.К., 38-годишниот Д.П. и 36-годишниот Д.М., сите од Битола. При претрес во домот на М.К.(33) во село Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од …
Continue Reading
Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција
Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива. Се работи за 19-годишно момче со иницијали М.А., а според информациите од полицијата, телото на момчето било најдено на 19 мај во 12.05 часот. „Лекарот констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информираа од СВР Струмица за „Макфакс“. Извршен е увид, а телото е дадено на обдукција.
Continue Reading