Ограбени маркети во Чаир и на Бит Пазар, разбојниците се заканувале со нож

Два маркети се ограбени во текот на вчерашниот ден во Чаир и на Бит Пазар. Според информациите на МВР, вчера во 21.30 часот  во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет. Малку подоцна, во 21.59 часот во СВР Скопје е пријавено дека …

Continue Reading

Вработени во РЕК Осломеј не оделе на работа, а земале плата – поднесени пријави против директори

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(49) од Кичево и Н.Н.(36) од Кичево  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против В.Ј.(62) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и С.С.(61) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Според информациите …

Continue Reading

Нерегистриранo оружје откриено во стрелачки клуб во Прилеп, поднесена е пријава

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ч.(42) од Прилеп, одговорно лице во стрелачки клуб во Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 02.04. до 04.04.2024, полициски службеници извршиле контрола во стрелачкиот клуб, при што било констатирано дека недостасувале поголем дел од воздушните пиштоли и пушки, на дел од воздушните пушки …

Continue Reading

Охриѓанец ја кршел шофершајбната на друг возач по судир

Сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата 15 Корпус во Охрид. „Г.Н.(37) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вториот учесник во незгодата, Г.К.(71) од Охрид, по што го оштетил предното возачко стакло од неговиот автомобил. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави СВР Охрид.

Continue Reading

24-годишник од Струшко со „мерцедес“ излетал од пат: двајца тешко повредени

Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Х.Ѓ. од селото Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка, 32-годишната Г.Д. од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ …

Continue Reading

Уапсени четири лица во Скопје, ликвидирале луѓе по нарачка

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во предметот под кодно име „Бункер“, денеска во текот на утринските часови единиците на МВР извршија претреси на пет локации во Скопје. При претресите четири лица се приведени, а во дом на еден од осомничените е пронајдено поголемо количество на марихуана …

Continue Reading

Ученик нападнат со нож во двор во училиште на Бит Пазар

Соученици нападнале дете во двор во училиште на Бит Пазар. Според информациите на МВР, вчера во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 09.00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, малолетник бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои употребиле остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација, лишени од слобода шест лица во Тетово

Вчера во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица „Маршал Тито“ во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за сузбивање на недозволени активности по Закон за акцизи и Кривичниот законик. При контролата, од слобода се лишени И.И.(59) од с.Камењане, тетовско, Р.И.(66) од с.Ларце, тетовско, Н.М.(59) од с.Селце, тетовско, Р.С.(46) од …

Continue Reading

Уапсен возач од струшко: управувал возило под дејство на алкохол

Утрово во 01.10 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишија од слобода М.Е.(35) од с.Радолишта, струшко. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол …

Continue Reading