Приведен крадец во Радовишко, следува соодветна пријава

Вчера во Полициската станица Радовиш е извршен службен разговор со 21-годишниот А.А. од село Злеово, радовишко, кој претходно беше приведен поради учество во физичка пресметка со уште три лица во село Злеово. Во разговорот тој признал дека во периодот од јануари до мај 2025 година на подрачје на Радовиш извршил една „тешка кражба“ и едно „одземање на моторно возило“, а …

Continue Reading

Кривична пријава за три лица од Крива Паланка за несовесно работење во службата и узурпација на недвижности

Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.К.(41), Н.Ц.(54) и С.М.(38), тројцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик. Н.Ц. – вработен во општина Крива Паланка на работно место самостоен референт за документациони работи …

Continue Reading

Возрасен маж живеел во вонбрачна заедница со малолетничка

Возрасен маж во струмичко живеел во вонбрачна заедница со малолетничка. Пријава е поднесена и против таткото на девојчето затоа што ја одобрил вонбрачната заедница. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против М.А.(20) од с.Дорфулија, општина Лозово и П.Б.(36) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Во периодот од јануари …

Continue Reading

Пожар во локал во Лисиче, сопственикот со изгореници пренесен во болница

Пожар избувнал синоќа во угостителски објект во Лисиче. Сопственикот со изгореници на раката и поради вдишување чад е пренесен во болница. Според информациите на МВР, вчера во 21.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во нас.Лисиче, скопско. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Притоа, поради изгореница на раката и вдишување …

Continue Reading

Претреси во велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени три лица

Полицијата вчера уапси три лица за поседување оружје. Според информациите на МВР, уапсени е Љ.Д.(60) и Б.Ц.(61) двајцата од село Согле, општина Чашка и С.Р.(72) од село Теово, општина Чашка. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Љ.Д. се пронајдени и одземени ловечка пушка и два патрони калибар 12, кај Б.Ц. се пронајдени и одземени ловечка пушка и …

Continue Reading

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведено едно лице

Вчера во 08.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Е.А.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Две одделни тепачки во Охрид, полицијата најави пријави

Ноќеска во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 24-годишниот М.Р. од Охрид затоа што претходно физички го нападнал 26-годишниот М.Р. од Охрид. По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во СВР Охрид е пријавено дека во 23.40 часот пред угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Охрид е нарушен јавниот …

Continue Reading

Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“

Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал турскиот државјанин И.Х.(64). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие.

Continue Reading

Уапсен струмичанец: пронајдена дрога при претрес во неговиот дом

Синоќа во 21.35 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Р.(53) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени марихуана и семки од растението канабис. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Полицијата соопшти дека по …

Continue Reading