Пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација, лишени од слобода шест лица во Тетово


viber_image_2025-05-21_12-31-38-792.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица „Маршал Тито“ во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за сузбивање на недозволени активности по Закон за акцизи и Кривичниот законик.


При контролата, од слобода се лишени И.И.(59) од с.Камењане, тетовско, Р.И.(66) од с.Ларце, тетовско, Н.М.(59) од с.Селце, тетовско, Р.С.(46) од с.Горно Палчиште, тетовско, Р.А.(37) и Б.З.(64), двајцата од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „избегнување на плаќање акциза“ по член 279-б од Кривичниот законик.

При контролата, како што соопшти МВР, кај овие лица биле пронајдени и одземени вкупно 453 штеки разновидни цигари и 199 килограми разновиден тутун.

Полицијата соопшти дека лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK