Кривични за две лица поради кражба на цркви во Свети Николе

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и едно кривично дело лажно претставување по член 391 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека ги сторил кражбите во периодот од 11.05.2025 до 15.05.2025 во цркви на подрачјето на Свети Николе, а при една лажно се …

Continue Reading

Двајца загинати во тешка сообраќајка во Скопје

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две лица го загубија животот. „Денеска во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на булеварот „8 Септември“ со булеварот „Никола Карев“ во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Возачот …

Continue Reading

Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Синоќа во селото Марвинци, валандовско, полицијата го приведе К.А.(34) од село Марвинци. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, шприц и мало шише исполнети со течност. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против К.А. ќе биде …

Continue Reading

Тешко повреден мотоциклист од Куманово по судир со возило

Во СВР Куманово синоќа околу 20.30 часот е пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(50) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(18) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница …

Continue Reading

Двајца повредени кога возило излета од патот Градско – Прилеп

Вчера околу 09.00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, на делница Градско-Фариш, патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.С.(73) од Струмица, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на …

Continue Reading

Уапсен возач во валандовскo: управувал возило со брзина од 97 километри на час, на место каде е дозволено 40

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода А.Р.(33) од село Банско, струмичко. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека А.Р. управува моторно возило со брзина од 97 километри на час на место каде што брзината на движење е ограничена на 40 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Кривична против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица: ја злоупотребил функцијата

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 2 и 5, а во врска став 1 од Кривичниот законик. З.Г., поранешен директор на Јавно претпријатие за комунална дејност од Струмица, во текот на 2022 година …

Continue Reading

Влегле во домот на кавадарчанец и украле пари и ракија: кривична за две лица

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава  против Џ.Н.(32) од Велес и Ј.Ф.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. На 26.01.2025 околу 12.00 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К.(55) од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во …

Continue Reading

Маж нападнат од својата поранешна сопруга во Ѓорче Петров

Во СВР Скопје синоќа во 19.00 часот, 56-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга Е.Ф.(51) од Скопје. МВР информира дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading