Влегле во домот на кавадарчанец и украле пари и ракија: кривична за две лица


krazba.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава  против Џ.Н.(32) од Велес и Ј.Ф.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.


На 26.01.2025 околу 12.00 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К.(55) од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во извршувањето на кривичното дело на тој начин што му кажал дека во домот нема никој и дека влезната врата е отворена.

Џ.Н. му дал дел од одземените пари на Ј.Ф., а ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде била пронајдена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK