Три лица од кои две потешко повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Вчера на улицата Живко Чинго во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(49) од Охрид и патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и нејзиниот сопатник Т.М.(41) од Охрид, додека со телесни повреди се здобил Д.Г., …

Continue Reading

Млад кавадарчанец турнал пензионерка за да и’ ја украде чантата со 50 евра и „моторола“, тешко е повредена

Деветнаесетгодишник од Кавадарци е приведен оти турнал жена и тешко ја повредил за да ја ограби. Нападот, според информацијата на полицијата, се случил синоќа околу 21 часот на улицата Благој Крстиќ. Оштетената е 75-годишната В.А. од Кавадарци. Таа на сила била турната во влезот од зградата, и и’ била грабната чантата во која носела 3.000 денари и мобилен телефон „моторола“. …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Вчера на улицата Брегалничка во Штип, полицијата го приведе Т.Н.(44) од селото Уларци, oпштина Чешиново-Облешево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од …

Continue Reading

Возач загина на експресниот пат Прилеп-Градско – удрил во ограда, па уште еден камион излетал од патот

Тешка несреќа по која животот го загуби 42-годишен маж од Крива Паланка се случи синоќа околу 22.30 часот на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес. Од МВР информираа дека животот го загубил А.Ѓ. кој управувајќи товарно возило „рено мастер“ излетал од коловозот и удрил во заштитна ограда. Тој првично бил пренесен во велешкта болница со тешки повреди, каде околу четири …

Continue Reading

Познат идентитетот на загинатите кај Момин Поток: 47-годишен маж и 32-годишна скојанка го загубија животот во несреќата

Четирисет и седумгодишниот С.И. и неговата 32-годишна сопатничка А.Н. се загинатите во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера помеѓу булеварите Никола Карев и 8 Септември во Скопје. Мопедот на којшто се превезувале, според информациите од МВР, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Двајцата загинале на лице место. Извршен е увид, а телата се на обдукција.

Continue Reading

Семејно насилство во Охрид – скопјанец ја нападнал партнерката, охриѓанец кршел по дома

СВР Охрид информира за два случаи на семејно насилство што се случиле во текот на вчерашниот ден. На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.(42) од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР …

Continue Reading

Приведен демирхисарец – запалил гранки, па огнот зафатил куќа и плевна

Шеесет и деветгодишник од Слошетица, демирхисарско е приведен поради предизвикување на општа опасност, објави МВР. „Во Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во селото Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела“, се вели во информацијата. Пожарот …

Continue Reading

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Полицијата изврши претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пришто пронајдени се оружје и муниција, а приведени четири лица. На 23.05.2025, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп во с.Обршани, прилепско, го лишија од слобода Д.М.(41) од с.Обршани. при претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се ловечка пушка и патрони различен калибар. На 23.05.2025 …

Continue Reading

Кривични за две лица поради кражба на цркви во Свети Николе

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и едно кривично дело лажно претставување по член 391 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека ги сторил кражбите во периодот од 11.05.2025 до 15.05.2025 во цркви на подрачјето на Свети Николе, а при една лажно се …

Continue Reading