Поднесена кривична пријава против скопјанка за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против Т.П.Н.(44) од Скопје, осомничена за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 од Кривичниот законик. Пријавената, како што соопштија денеска од МВР, како вработена во осигурителна компанија во периодот од 2020 до 2021 година, со лажно прикажување на факти …

Continue Reading

Врховен: Државата на Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година

Државата на Зоран Верушевски треба да му ја исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година за предметот „Пуч“, откако Врховниот суд делумно го усвои неговото барање за ревизија на надоместокот на нематеријална штета за неоснованото лишување од слобода и нарушениот углед и чест. – Се задолжува тужениот Република Северна Македонија на …

Continue Reading

Во Кривичен се сослушуваат вештаци за Ласкарци

Со испитување на вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот на вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење за Ласкарци, во Основен кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа во која загинаа 16 лица, а околу 30 беа повредени. Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири. На денешното …

Continue Reading

Се уште чади во подрумските простории на Основниот суд Куманово

Пожарот во подрумските простории на Основниот суд Куманово е локализиран, но сè уште чади од просториите. На терен се сменија повеќе пожарникарски екипи. Од ТППЕ Куманово се надеваат дека за скоро време пожарот целосно ќе биде изгаснат. Во изјавата за МИА, командирот на смена Борис Станковски кажа дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат, како и направената материјална штета. …

Continue Reading

Казнети 134 возачи за непрописно престигнување

Вкупно 134 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи за санкционирање возила кои непрописно престигнуваат на територија на цела држава. Како што информира МВР, 45 возачи се казнети на територијата на СВР Охрид, 25 на територија на СВР Битола, 22 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Тетово… За време на контролата …

Continue Reading

Приведен крадец од Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.40 часот го лишиле од слобода С.А.(25) од Куманово, осомничен дека од деловен објект на ул.„Климент Охридски“ во Куманово одзел повеќе предмети. МВР денеска соопшти дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Continue Reading

ЈОРСМ: Извршен вонреден надзор во 30-тина предмети поврзани со Рамиз Мерко

Комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија изврши вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и имаше увид во вкупно 30-тина заведени предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во …

Continue Reading

За брзо возење полицијата казнила 283 возачи на територија на цела држава

Во спроведена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се санкционирани 283 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР денеска информираа дека …

Continue Reading

Опожарени подрумските простории на кумановскиот суд

Пожарот кој ноќеска ги зафати подрумските простории на Основниот суд во Куманово е локализиран, но една екипа е останата на терен. – Пожарот е локализиран, но има уште една екипа која проверува, велат од кумановската Противпожарна единица. Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Куманаво од 01:35 часот интервенирале на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во …

Continue Reading