Куче со сопственик нападнало дете на подрачјето на Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, Н.Л.(45) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 20.30 часот на подрачјето на Карпош, неговиот 16-годишен син и неговото куче, биле нападнати од куче со сопственик, кое им нанело повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.