Избоден 17-годишник од скопска гимназија – во тепачка меѓу две групи ученици
Во СВР Скопје вчера во 11.14 часот од Градската општа болница „8 Септември“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодна рана е донесен 17 – годишен ученик во СДУ „Ѓорги Димитров”. Според пријавеното, тој се здобил со убодна рана во угостителски објект на територија на Карпош, каде бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи …
Continue Reading
Прегазено деветгодишно девојче во Гостивар
Вчера во 18.15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Боге Белјаноски“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(66) од с.Чегране, гостиварско, удрило во 9-годишно дете од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Гостивар. Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Continue Reading
Поднесена пријава за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на булевар „Словенија“
СВР Скопје изврши увид на бул.„Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од с.Глумово, општина Сарај. Притоа е констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во правното …
Continue Reading
(Видео) Скриени во цистерни, запленети 55 штеки цигари, ИТ опрема, 30 илјади евра, соопшти Царинската управа
Во текот на минатата недела, царински службеници и мобилни царински тимови спречиле обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови. Во еден случај, како што соопштија царинските служби, запленети се 30 илјади евра, а спречен бил и нелегален влез на мигранти. „Царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронајдоа дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун …
Continue Reading
Приведен криминалец во Скопје за издржување на затворска казна од 11 години
Вчера на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање …
Continue Reading
Уапсен пијан возач во Пробиштип, со возило удрил во дрво
Полицијата уапси возач во Пробиштип кој управувал возило под дејство на алкохол и удрил во дрво. Според информациите на МВР, вчера во 23.55 часот во Пробиштип, полициски службеници го лишија од слобода М.К.(64) од Пробиштип. Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, тој со патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво. По преземени мерки, …
Continue Reading
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Центар
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во центарот на Скопје. Според информациите на МВР, ноќеска околу 00.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ и ул.„Ленинова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(27) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, …
Continue Reading
Малолетници тешко повредени во сообраќајка, со мотоцикл излетале од пат
Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајка откако со мотоцикл излетале од пат. Според информациите на МВР, вчера во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионален пат во с.Будаково, општина Могила, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Мусинци, општина Могила, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот кој …
Continue Reading
Групна тепачка пред фитнес клуб во Чаир, две лица со убодни рани пренесени во болница
Две лица со убодни рани се пренесени во болница по тепачка што се случила вчера пред фитнес клуб во Чаир. Според информациите на МВР, вчера во 22 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на …
Continue Reading