Уапсен пијан возач во Пробиштип, со возило удрил во дрво


lenta-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата уапси возач во Пробиштип кој управувал возило под дејство на алкохол и удрил во дрво.


Според информациите на МВР, вчера во 23.55 часот во Пробиштип, полициски службеници го лишија од слобода М.К.(64) од Пробиштип.

Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, тој со патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво.

По преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против М.К. ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK