Во СВР Скопје вчера во 11.14 часот од Градската општа болница „8 Септември“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодна рана е донесен 17 – годишен ученик во СДУ „Ѓорги Димитров”.
Според пријавеното, тој се здобил со убодна рана во угостителски објект на територија на Карпош, каде бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на ученици.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.