Пијан скопјанец возел во спротивна лента и удрил во друг автомобил, повредено едно лице

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец. Осомничениот, вчера во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев” во Кисела Вода. Иако бил свесен дека поради неговото однесување во сообраќајот може да настапи штетна последица, …

Continue Reading

Неколкумина повредени во сообраќајна незгода во Тетовско

Вчера во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Боговиње-село Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од село Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од село Ново Село, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се …

Continue Reading

Малолетник нападнат во парк во Кисела Вода

Вчера во СВР Скопје, 37-годишната Ф.И. од Скопје пријавила дека околу 19.50 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице, кое, исто така, било во паркот со неговото дете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Во сообраќајна незгода во општина Липково повредени мотоциклистот и неговиот сопатник

На 16.06.2025 околу 20.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат село Виштица-село Никуштак и пат за село Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од село Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје. Во несреќата со …

Continue Reading

Скопјанка подолго време била следена и вознемирувана од нејзиниот сосед, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг временски период била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед В.П. од скопско село, кој ѝ го оштетил и нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Ќерка ја истепала мајка си во центарот на Скопје, оштетила и дел од покуќнината

Вчера во 20.30 часот, 61-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината ќерка, 40-годишната М.К. од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Двајца бугарски државјани уапсени на граничниот премин Табановце, кај нив била пронајдена марихуана

Вчера во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот Д.И. и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени …

Continue Reading

При ископ во село Калишта пронајдена експлозивна направа

Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека при ископ во село Калишта, струшко, била пронајдена експлозивна направа. Екипа од ОВР Струга и пиротехничар од Дирекцијата за штита и спасување извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната.

Continue Reading

Малолетник истепан во парк во скопски Аеродром

На 13.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот А.Р. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Д. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading