Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник
Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир. Од тука информираа дека постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата. Оружениот инцидент што завршил со боксови и нож, почнал со вербална сообраќајна расправија, меѓу 18-годишникот и неговиот татко од една страна и малолетник од другата страна. Од …
Continue Reading
Кривична против полицаец: дозволил привремен престој на седум странски државјани иако биле ризик за државата
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во …
Continue Reading
Уапсена жена од Скопје: агресивно се однесувала кон полицајци кои вршеле службени дејствија
Вчера во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 56-годишната Е.Д. од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Кривична против двајца скопјани, запалиле кабел и предизвикале пожар
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Е.(18) и Х.Е.(19), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 06.03.2025 на улица „Скупи“ во Скопје, пријавените запалиле кабел, при што предизвикале пожар кој зафатил сува треба.
Continue Reading
Физичка пресметка со ножеви во Чаир: три лица со повреди пренесени во болница
Вчера во 19.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Цветан Димов” со улицата „Џон Кенеди” во Скопје, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу 14-годишник од Скопје и Р.С.(64) и Б.С.(18), двајцата од Скопје, при што биле употребени ножеви. Притоа, лицата се здобиле со повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и …
Continue Reading
Приведен Турчин на граничниот премин Деве Баир, на увид дал фалсификуван зелен картон
Вчера во 14.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 56-годишниот Ј.К. од Република Турција затоа што при гранична контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде …
Continue Reading
Две жени ограбени во центарот на Скопје, едната е со повреди
Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје, М.П.(36) од Скопје пријавила дека околу 12.35 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата во која имала пари. Исто така, вчера во 14.55 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди …
Continue Reading
Уапсени возачи во Штип и Берово, возеле под дејство на алкохол
Полицијата уапси возачи во Штип и Берово затоа што управувале возило и мопед под дејство на алкохол. Вчера околу 23 на ул.„Маршал Тито“ во Штип, Х.П. со патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од В.Н.(63) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските …
Continue Reading
Уапсен тетовец, возел со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час
Вчера во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 56-годишниот Д.Д. од Тетово. При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час …
Continue Reading