Вчера во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот Д.И. и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.
Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.