Вчера во 19.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Цветан Димов” со улицата „Џон Кенеди” во Скопје, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу 14-годишник од Скопје и Р.С.(64) и Б.С.(18), двајцата од Скопје, при што биле употребени ножеви.
Притоа, лицата се здобиле со повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош.
Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.