Кривична против маж од Струшко: со потпалување сува трева и грмушки предизвикал пожар во атарот на селото Ложани

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 62-годишниот М.Ц. од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“. Тој, на 25.08.2026 со потпалување на сува трева и грмушки предизвикал пожар на отворен простор во атарот на струшкото село Ложани. По преземени мерки, полициските службеници го приведоа и …

Continue Reading

17-годишник извршил обљуба врз 15-годишно девојче

Седумнаесетгодишник од Скопје извршил обљуба врз 15-годишно девојче. Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје уапсија 17-годишник од Скопје, по претходна пријава од 40-годишна жена од Скопје, дека извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка од Скопје, а потоа ја демнел малолетничката и барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки. По целосно …

Continue Reading

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно дете пренесено во болница

Единаесетгодишно девојче е пренесено во болница по пожар што настанал во стан во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 10:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Воденска“ во Скопје настанал пожар во стан. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а поради вдишување на чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итна медицинска помош била …

Continue Reading

(Фото/Видео) Автоматски пушки, снајпери и муниција откриени во Скопје, уапсен член на ИСИС кој врбувал млади лица да вршат тероризам

Полицијата вчера спроведе акција во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје. Уапсено е едно лице, член на ИСИС, кое вршело индоктринација на млади лица за исполнување на цели на терористичката организација ИСИС. Од МВР информираат дека се извршени претреси кај шест лица, на …

Continue Reading

Војската уапси четворица полски државјани, биле затенкнати кај воени магацини во Тетово

Четворица полски државјани се уапсени вчера откако биле затенкнати кај воени магацини во Тетово. Според информациите на МВР, вчера во 18:24 часот, од страна на Воената полиција на АРМ, во СВР Тетово е пријавено дека во местото викано „Еребино“ во Тетово, каде се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот. Војниците кои биле на …

Continue Reading

Загина возач на патот Струмица – Радовиш, со камион излетал од патот

Возач од село Сушево, струмичко загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Струмица – Радовиш. Вчера во 12:40 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Василево и Владевци, струмичко, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(48) од село Сушево, струмичко, излетало од патот. Од здобиените …

Continue Reading

Двајца полицајци нападнати во Липково

Двајца полицакци вчера биле нападнати во Липково. Според информациите на МВР, вчера во 05:55 часот во село Липково, товарно возило кое превезувало дрва не застанало на даден знак стоп од полициски службеници, при што удрило во службено возило на МВР, а потоа возачот на товарното возило со две лица кои пристигнале со патничко возило, физички нападнале двајца полициски службеници кои …

Continue Reading

70-годишна жена со автомобил удри во дете, со тешки повреди пренесено во болница

Десетгодишно дете е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, несреќата се случила завчера во 19:45 часот на крстосницата од ул.„Христо Татарчев“ и ул.„Франк Харкорт Манинг“ во Скопје кога 70-годишната М.Г. од Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило …

Continue Reading

Кривична против Србин: насилно отворил резервоар од „порше“ во Струга, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот М.С. од Бујановац, Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“ по член 243 од Кривичниот законик. Тој на 04.09.2026 пред угостителски објект во Струга, насилно го отворил резервоарот од патничко возило „порше“ со охридски регистарски ознаки, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување на возилото по …

Continue Reading