Војската уапси четворица полски државјани, биле затенкнати кај воени магацини во Тетово


625088208_1199500899027102_4677230723193660203_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четворица полски државјани се уапсени вчера откако биле затенкнати кај воени магацини во Тетово.


Според информациите на МВР, вчера во 18:24 часот, од страна на Воената полиција на АРМ, во СВР Тетово е пријавено дека во местото викано „Еребино“ во Тетово, каде се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот.

Војниците кои биле на стража на лице место задржале четири лица, сите државјани на Полска: Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), додека други три лица со четирицикли избегале.

Четирите лица се уапсени поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик „неовластено влегување во воени објекти“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите три лица и по документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK