ОВР Струга поднесе кривична пријава против 62-годишниот М.Ц. од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.
Тој, на 25.08.2026 со потпалување на сува трева и грмушки предизвикал пожар на отворен простор во атарот на струшкото село Ложани.
По преземени мерки, полициските службеници го приведоа и лишија од слобода.