Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга
Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Continue Reading
Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата каде престојувал
Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев“ во Охрид. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Continue Reading
Предизвикале пожар крадејќи бакар: кривични пријави за малолетник и уште двајца кумановци
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Р.(29), А.А.(28) и 14-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’. Имено на 13.07.2025 на место викано ,,Бавчи’’ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината.
Continue Reading
Се договорил да му го транспортираат возилото од Германија во Македонија: останал и без автомобил и без пари
Вчера во 15:30 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од лицето Б.„Н“ за сума од 5.000 евра. Според пријавеното, во мај 2025 година во Сојузна Република Германија тој се договорил со лицето да му го даде неговото „фолксваген голф“ за да го транспортира во РСМ. Како што е пријавено, откако му дал полномошно само …
Continue Reading
Голема сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево: Се судрија пет мотори и четири автомобили, тешко повредени четири лица
Четири лица се тешко повредени, а уште двајца се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево, а во која учествувале пет мотоцикли и четири автомобили. Вчера во 15 и 50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски …
Continue Reading
Украдени две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Заталкано зрно од оружје пронајдено во угостителски објект во Чаир
Вчера во 09:40 часот во СВР Скопје, Б.В.(33) од Скопје пријавил дека на покриената тераса од угостителски објект на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.
Continue Reading
Романец фатен со дрога на Табановце: во личниот багаж скрил марихуана
Вчера во 15:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот Д.В. од Романија. При гранична контрола и преглед на патничко возило „дачиа“ со романски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против …
Continue Reading
(Фото) Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога
Вчера во 12 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 38-годишната С.Ј. од Гостивар. При претрес во објект и помошни простории во село Добридол, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две поголеми и едно помало пакување со марихуана. Исто така, вчера во 18:00 часот, со судска наредба, бил …
Continue Reading