Комбето со работници паднало од мостот во река: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип- Радовиш
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река. Со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници, од кои според првичните сознанија двајца се од Бангладеш и еден од Непал, …
Continue Reading
Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР денеска во СВР Штип во 08.13 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано …
Continue Reading
Акциска контрола на повеќе локации во Тетово, уапсено едно лице поради сомнение за посредување при проституција
Вчера во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово. При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, …
Continue Reading
Со „мерцедес“ излетал од патот: тешко повреден охриѓанец
Вчера во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од Ѓ.Ш.(24) од Охрид, излетало од патот. Во несреќата со тепшки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ш., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР …
Continue Reading
Уапсен 75-годишен скопјанец, пронајдени оружје и муниција во неговиот дом
Вчера во 18:40 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 75-годишниот Љ.С. од село Трубарево. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 …
Continue Reading
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Во периодот од …
Continue Reading
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци
Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител …
Continue Reading
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево
Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош. Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а …
Continue Reading
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга
Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Continue Reading