Непрописно престигнувал колона возила на непрегледна кривина: уапсен возач од Крива Паланка
Вчера во 20:35 часот на магистрален пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот П.Д. од Крива Паланка затоа што со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал, извршил непрописно престигнување на колона возила на непрегледна кривина. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање …
Continue Reading
„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: Виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство
Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени, со цел да им нанесе душевна болка преку понижувачко постапување. Користејќи ја неговата службена хиерархиска надреденост, во периодот од септември 2023 година до 24.10.2024 година, грубо им се заканувал дека има моќ и може веднаш да ги избрка од работа, …
Continue Reading
Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец
Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на улицата „Даме Груев“ во Охрид, предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) …
Continue Reading
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор
Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до …
Continue Reading
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана
Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица
Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија. Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Continue Reading
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца
Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Continue Reading
Насилство во Ѓорче Петров: 40-годишник ги истепал вонбрачната партнерка и нејзината малолетна ќерка
Вчера во 21:15 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријави дека на 06.09.2025 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и малолетната ќерка биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер В.М.(40). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Насилно ограбен скопјанец во Аеродром
Вчера во 14:35 часот во СВР Скопје, 73-годишниот З.А. од Скопје пријави дека околу 12:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading