Во Вардар пронајдена неексплодирана граната
На 12 септември попладне, помеѓу селата Рашче и Радуша, во водите на реката Вардар била забележана неексплодирана граната. Полицијата веднаш реагирала и го обезбедила местото. Веќе следниот ден, на 13 септември, стручни екипи од Дирекцијата за заштита и спасување ја извадиле гранатата. Констатирано било дека станува збор за неексплодирана рачна противтенковска граната – РПГ. Случајот е целосно документиран, а опасноста …
Continue Reading
Ноќен хорор во Штип: Млада девојка насилно внесена во возило, нападната и снимана со телефон
Саботната вечер во Штип завршила насилно за 21-годишна девојка. Околу 22 часот, додека се движела низ градот, таа била пресретната од две жени. Едната, 28-годишна жителка на Кочани, со употреба на сила ја внела девојката во автомобилот што го управувала другата. Ноќта продолжила во мрачна насока – одвезена во една од штипските населби, девојката била физички нападната. Додека траел нападот, …
Continue Reading
Oбдукција покажала дека скопјанец не починал поради сообраќајка како што стоело во извештајот
Полициски службеници од СВР Скопје утрото на 12 септември 2025 година, околу 06:10 часот, при преземање службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, забележале дека во извештајот за едно починато лице било заведено дека смртта настанала како последица од сообраќајна несреќа. Во разговор со дежурниот болнички персонал било утврдено дека лицето, С.Б. (58) од Скопје, било донесено во болницата околу …
Continue Reading
Трагедија во Аеродром: На скопјанец му се слошило на скали, починал на лице место
Ноќта помеѓу петокот и саботата на 64-годишниот Б.В. од Скопје му се слошило додека се наоѓал на скалите во својот дом на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавата, мажот паднал поради нагло влошување на здравствената состојба, а лекар од Итната медицинска помош по пристигнувањето на местото ја констатирал неговата смрт. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на …
Continue Reading
МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал
Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали. Откако реагирал лицето побегнало и не успеало во намерата. МВР го бара сторителот.
Continue Reading
Тројца странски државјани загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш
Пред два дена околу 08:13 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на селото Лакавица, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле три лица. Според информациите од полицијата, товарно возило марка „Фиат Дукато“ со струмички регистарски таблички, сопственост на фирма од Струмица, излетало од коловозот. Возилото го управувал 35-годишниот М.Д. …
Continue Reading
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато
На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник. Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе …
Continue Reading
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор
Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат. Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР. Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Continue Reading
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови
Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање. Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на …
Continue Reading