Вчера во 13:50 часот во СВР Велес пријавено е дека на некатегоризиран пат во близина на село Челавец, демиркаписко, 44-годишниот М.Ѓ. од Неготино, управувајќи четирицикл со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.