Маж избоден во Дебар
Маж бил избоден синоќа во Дебар. Приведен е 32-годишниот К.Т. од овој град кој се сомничи за случајот. Нападнатиот се здобил со убодна рана. „Лицето е приведено во полициската станица за целосно документирање на случајот, против што ќе биде поднесена соодветна пријава“, сооопшти МВР.
Continue Reading
МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот е 20-годишен
Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Ресен-Битола, кај местото викано „Слечиште“. Според соопштението на МВР, судирот бил помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот П.Н. од Охрид, и патничко возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 52-годишниот П.К. од …
Continue Reading
(Фото) Претрес во валандовско, пронајдени се дрога, оружје и муниција, приведено едно лице
Вчера во 06:00 часот во село Казандол, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода 39-годишниот Е.А. од село Казандол. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Гевгелија, биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението Канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од …
Continue Reading
(Фото) Во два одвоени случаи уапсени три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога
Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д. од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, …
Continue Reading
Торба со марихуана пронајдена во автобус во затворот Идризово
Торба со марихуана е пронајдена во автобус паркиран во гаража во затворот Идризово. Според информациите на МВР, денеска околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во …
Continue Reading
Обид за убиство во хотел во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Според информациите на МВР, на 25 јули во хотел на охридското крајбрежје во Охрид, тој физички нападнал жител на Скопје, при што употребил и нож, по што набргу бил совладан и уапсен.
Continue Reading
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип
Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш. Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица
Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Continue Reading
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни
Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возтасѕ пд 18 до 56 години. По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје. Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а …
Continue Reading