Сопруга на затвореник од Идризово се обидела да пренесе забранети предмети

Претрес на пакет за осуденикот Е.А. (38) од Скопје откри мобилен телефон. Настанот се случил во затворот во Идризово, а пакетот бил донесен од неговата сопруга. Исто така, велат од МВР, таа се обидела да пренесе и марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје

Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје. Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Continue Reading

Тинејџерки се однесувале агресивно со полицајци, приведени се во Ѓорче

Во 3 часот по полноќ на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници ги приведоа А.Ч.(18) и 16-годишна малолетничка, двете од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР во дневниот полициски билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Убодни рани за жител на Велешта во напад пред угостителски објект

Вчера околу 13:43 часот, пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети го нападнале Д.Н. од струшкото село Велешта, при што тој добил убодни рани по телото. Повредениот веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга каде му била укажана медицинска помош. На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и полициски екипи. Полицијата информира дека …

Continue Reading

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во домот на улицата Борис Бојаџиски во скопската населба Ѓорче Петров, таа се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница. Додека бабата, родена 1938 година, одмарала во една од собите, осомничената ја заклучила вратата, …

Continue Reading

За една ноќ приведени тројца возачи поради возење во алкохолизирана состојба

Тројца возачи биле приведени за една ноќ поради возење во алкохолизирана состојба, соопшти МВР. Во Кичево, на улица Борис Кидрич, полицијата запрела „бмв“ управувано од 26-годишен жител на село Зајас, кој имал 2,08 промили алкохол во крвта. Неколку часа подоцна, во Куманово, полициски службеници го задржале 34-годишен возач на „смарт“ со 3,43 промили. Во Битола пак, на улица Македонска фаланга, …

Continue Reading

На „Ќафасан“ приведено лице со мерка за издржување затворска казна

На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница при обид за излез од државата, полицијата привела лице за кое имало изречена мерка за апсење од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за …

Continue Reading