Притворен стружанец поради обид за убиство пред угостителски објект
Полицијата вчера го приведе Е.А.(27) од струшкото село Франгово во врска со убиство во обид сторено на 16 авгиуст во Струга. „Со решение од Основниот суд во Струга, него определена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид“, соопшти СВР Охрид. Инцидентот се случил пред угостителски објект во Струга, кога …
Continue Reading
Струмичанецот кој со шприц сакаше насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство
Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале и дошле да ѝ помогнат на мајката. Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истрага за кривично дело обид за убиство. „Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја …
Continue Reading
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда. Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари. Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Уште еден пешак тешко повреден при удар од автомобил вчера во Скопје
Педесет и деветгодишниот А.Д. се здобил со тешки повреди, кога во него удрило „пежо“ на улицата Славка Динкова во Скопје. Несреќата се случила вчера околу 17.40 часот, а зад воланот била 51-годишната Б.П. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти …
Continue Reading
Скопјанец со туѓа изгубена картичка плаќал низ продавници, поднесена пријава
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според полицијата, на 09.10.2025 тој неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати извршил наплата во продажни објекти во градот. По преземени мерки, бил пронајден и приведен во …
Continue Reading
Жена ограбена пред банкомат во Дебар, осомничениот приведен
Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против К.М. (23) од селото Могорче, поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Според полицијата, на 19.11.2025 тој забележал жена од Дебар како подига пари од банкомат, по што насилно ѝ ги одзел парите и избегал. Набрзо бил пронајден и приведен во полициската станица.
Continue Reading
Сопственик на продавница во Дебарца не им дозволувал на инспекторите да влезат во контрола, повикана полиција
Во полицијата вчера било пријавено дека во селото Белчишта, општина Дебрца, 51-годишниот Г.С. спречил претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат вонреден надзор во неговиот продажен објект. Инспекторите побарале полициска асистенција, по што биле преземени службени мерки и разговори со сопственикот. По интервенцијата, тој им овозможил на инспекторите да ја извршат контролата.
Continue Reading
Ја повредил сопругата со остар предмет, а претходно се обидел со шприц насилно да и стави непозната течност во устата: уапсен маж од струмичко
Вчера во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен …
Continue Reading