Приведен жител на Таринци кој искршил инвентар во болницата во Штип по смртта на неговиот татко
Вчера, по полноќ, полициски службеници од Штип го приведоа 29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, во Клиничката болница во Штип. Претходно, во болницата бил донесен неговиот татко В.А. (54), кој, и покрај укажаната лекарска помош, починал. Кога Ј.А. пристигнал во установата и бил информиран од медицинскиот персонал дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон персоналот и искршил …
Continue Reading
Насилство во две основни училишта во Скопје – полицијата работи на расчистување на случаите
Полицијата евидентираше два одделни инцидента со малолетници во основни училишта на подрачјето на градот. На 26 ноември 2025 година, во 11:15 часот, во хол на основно училиште во општина Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир при физичка пресметка меѓу двајца малолетници од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Следниот ден, на 27 ноември 2025 година, во …
Continue Reading
Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“
Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К. (66), кој претходно бил пријавен дека не се вратил во својот дом. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Continue Reading
Малолетник ранет со воздушна пушка во Банско – приведен 65-годишник
Вчера околу 23:45 часот во селото Банско, полицајци го приведоа Б.М. (65) од истото село. Според пријавеното, околу 20:30 часот, во близина на неговата куќа, тој со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата. На повредениот му била укажана медицинска помош во Општата болница во Струмица. Воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М., кој …
Continue Reading
Тешко повреден возач во судир меѓу автобус и „сузуки“ кај Кучково
Вчера на локалниот пат меѓу селата Кучково и Волково се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С. (61) од с. Никиштани, и патничко возило „Сузуки Свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (71) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., а повредите му биле констатирани во Градската општа …
Continue Reading
Штипјанец пријавен за неовластени трансакции со туѓа банкарска картичка
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против Е.З. (38) од овој град, поради сомнение за кривичното дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според пријавата, на 4 септември 2025 година во Штип, осомничениот без дозвола и согласност ја користел банкарската картичка на 75-годишна жена од Штип и неовластено извршил трансакции на банкомат. Случајот е целосно документиран и проследен до …
Continue Reading
Притворен стружанец поради обид за убиство пред угостителски објект
Полицијата вчера го приведе Е.А.(27) од струшкото село Франгово во врска со убиство во обид сторено на 16 авгиуст во Струга. „Со решение од Основниот суд во Струга, него определена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид“, соопшти СВР Охрид. Инцидентот се случил пред угостителски објект во Струга, кога …
Continue Reading
Струмичанецот кој со шприц сакаше насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство
Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале и дошле да ѝ помогнат на мајката. Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истрага за кривично дело обид за убиство. „Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја …
Continue Reading
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда. Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading