Битолчанец возел пијан, полицијата го приведе

Утрово во 6:30 часот во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај на СВР Битола го лишиja од слобода битолчанецот Р. Д. (24) затоа што управувал возило под дејство на алкхол. Од СВР Битола информираа дека при сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Д. и при …

Continue Reading

Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по …

Continue Reading

Малолетници се закануваат и се тепаат крвнички, случаите се пријавени во полиција

Во Скопје вчера биле пријавени два одделни случаи на меѓуврсничко насилство. Првиот случај го пријавила мајката на 14-годиишно девојче, дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината ќерка. -Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината  14-годишна ќерка, …

Continue Reading

Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од Неготино, кој превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега. -На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го …

Continue Reading

Возач со ауди усмрти 83-годишен пешак на патот од Горно кон Долно Лисиче

Денеска во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар …

Continue Reading

Под стреата во куќа одгледувал канабис, полицијата го приведе

Вчера околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото. Претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис. Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена …

Continue Reading

Преку лажен профил испраќал закани кон градоначалникот на Неготино, неговото семејство, на новинар, МВР: кривична пријава за неготинец

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) од Неготино. Тој се сомничи дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 и 5 и „изнуда“ во обид по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Имено, тој креирал лажен профил на социјална мрежа и …

Continue Reading

Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал

Вчера околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки …

Continue Reading

Малолетен практикант паднал од седум метри висина од објект во изградба во Охрид

Малолетен практикант паднал од седум метри висина од објект во изградба во Охрид. Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. „П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот …

Continue Reading