Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му се заканувале на едно лице дека ќе го убијат ако не му дадат пари
Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција. Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно …
Continue Reading
Уапсени двајца битолчани за „незаконит лов“, во нивното возило се пронајдени две уловени срни
Полицијата уапси двајца битолчани за „незаконит лов“, а во нивното возило се пронајдени две уловени срни. Вчера околу 10:30 часот на крстосница за с.Брод, општина Новаци, полициски службеници ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола. При преглед во возилото „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две …
Continue Reading
Автообил удри во пешак во Битола, со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 21:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Л.(26) од Битола, удрило во 21-годишната П.Т.М. од Гевгелија, со престој во Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Т.М., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР …
Continue Reading
Уапсени петмина пијани возачи: казни за брзо возење за 296 лица во текот на викендот
Во текот на изминатиот викенд (27/28.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.156 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 296 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани …
Continue Reading
Уапсени две лица од Скопско: во парк на булеварот „Февруарски поход“ палеле кабли
Вчера во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Аеродром ги лишија од слобода 23-годишниот Т.М. и 26-годишниот И.М., двајцата од село Трубарево, скопско. „Претходно, вработен во општина Аеродром пријави дека во парк на булевар „Февруарски поход“ две лица палеле кабли, а откако полициските службеници излегле на местото ги пронајдоа и лишија од слобода двајцата“, извести МВР. …
Continue Reading
Во Центар натепана лекарка од Итна медицинска помош
Физички напад врз здравствен работник од млада скопјанка бил пријавен во полиција рано утринава, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Денеска во 2:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, Д.Б., на возраст од 36 години од скопско Булачани, пријавила дека синоќа околу 23:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи во својство …
Continue Reading
Романец осомничен за тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осомничениот 41-годишник делото го извршил на 21 март, во Ѓорче Петров, кога на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, тргајќи му го од вратот. …
Continue Reading
Кај осуденик во затворот во Идризово најдена марихуана
Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против Р.А., 28-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Како што појаснуваат од Министерството за внатрешни работи, на 4 јуни, затворската полиција извршила претрес во Казнено-поправната установа „Затвор – Идризово“, при што кај пријавениот …
Continue Reading
Гореше автомобил во Гази Баба во Скопје
Во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје, настанал пожар во возило „фолксваген транзит“, сопственост на 31-годишниот скопјанец С.К.. Случајот бил пријавен денеска во Секторот за внатрешни работи – Скопје во 3:59 часот. Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа дека повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од таткото на сопственикот. Извршен бил увид од увидна …
Continue Reading