Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје


obvinitelstvo-soobrakajka-kuka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил  мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата 100 вечерта на 3 јануари, а смртта на пешакот била констатирана на самото место од лекар од Итната медицинска помош.


Жената веднаш била лишена од слобода од страна на полициски службеници од СВР Скопје. Полицијата го извршила увидот, а се уште се собираат сите податоци за причините и околностите на трагичниот настан.

Случајот ќе биде предаден на надлежните органи за понатамошно постапување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK