Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од село Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од …

Continue Reading

Со остар предмет се заканувал на мајка си и искршил дел од покуќнината: притвор за 43-годишник од Свети Николе

Вчера во 12:15 часот полициски службеници од ОВР Свети Николе, лишија од слобода 43-годишник од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата мајка, дека во двор од семејниот дом, со остар предмет и упатил закани и искршил дел од покуќнината. Против лицето е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од страна на судија од Основен суд Свети Николе …

Continue Reading

Изгоре „пасат“ на граничниот премин „Ќафасан“: нема повредени

Вчера во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар, извести СВР Охрид. Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.

Continue Reading

Уапсени тројца скопјани: кај нив пронајдени книги, сопственост на Државниот архив на РСМ

На 06.01.2026 во 04:45 часот на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје. По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен …

Continue Reading

Уапсен велешанец: при претрес во неговиот дом пронајдени пари и предмети што ги украл

Вчера во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода 36-годишниот Љ.Ј. од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес. По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение …

Continue Reading

Во продажен објект во липковско пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, уапсен сопственикот на објектот

Вчера во 13:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 41-годишниот Б.У. од село Оризаре, липковско. При преглед во неговиот продажен објект биле пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Нападнат вработен на наплатна рампа „Петровец“: напаѓачот ја скршил рампата и побегнал

Утрово во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде …

Continue Reading

Загина маж од Паланечко: изгубил контрола и паднал од мопед

Вчера во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка …

Continue Reading

Возел со 188 килoметри на час на место каде е дозволено 100: уапсен маж од Охридско

Вчера во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е …

Continue Reading