Патник од Турција ограбен во скопско такси кога ги извадил парите и прашал „колку кошта услугата“
Државјанин на Турција бил ограбен во такси возило. Според информацијата од полицијата, 27-годишниот А.Ј.Е. од Турција вчера пријавил дека заедно со сопругата се качиле во возилото пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Крајната дестинација им била Бит Пазар. Кога пристигнале, патникот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а …
Continue Reading
Објект никнал без одобрение во Охрид, реагираше полицијата
Поднесена е кривична пријава против Г.Л.(66) од охридското село Лескоец, поради бесправно градење. „Тој, без да добие соодветно правосилно градежно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект“, соопшти СВР Охрид.
Continue Reading
Оружје најдено на нива во струшко
Вчера во струшката полиција било пријавено дека во нива покрај локалниот пат меѓу струшките села Ливада и Корошишта бил пронајден пиштол марка „застава“, калибар 6.35 милиметри, како и пет куршуми. Увид на местото извршиле полициски екипи, по што пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.
Continue Reading
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од …
Continue Reading
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Прегазен маж на регионалниот пат Гостивар-село Градец: со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Continue Reading
Уапсен 55-годишник од неготинско: возел под дејство на алкохол
Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на ул.„Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта. …
Continue Reading
Скопјанец пронашол залутани зрна од огнено оружје во двор од приватна фирма
Вчера во 14:40 часот во СВР Скопје, 54-годишниот М.Л. од Скопје пријави дека на улицата „Тодор Александров“ во Скопје, во двор од приватна фирма, пронашол залутани зрна од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading