Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари
Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција …
Continue Reading
Скопјанец ја истепал поранешната партнерка и насилно ја исфлил од автомобилот
Скопското Обвинителство поведе постапка против едно лице за телесна повреда. „Осомничениот на 4 јануари, при испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата поставени на коловозната лента“, соопшти Обвинителството. Случаен минувач го пријавил настанот …
Continue Reading
Државјанки на Бугарија осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две државјанки на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека вршеле повеќе кривични дела – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Првата осомничена во пет наврати, од кои последниот пат заедно со второосомничената, од различни лица крадела паричници, во кои покрај парични средства имало и банкарски картички од кои …
Continue Reading
Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со …
Continue Reading
Уапсени четири возачи во виничко, Македонска Каменица, Пробиштип и Гевгелија: возеле пијани, а еден од нив со автомобилот излетал од пат
Вчера во 20:20 часот на локален пат во село Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(43) од с.Блатец. Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени …
Continue Reading
Уапсена 23-годишна скопјанка: на интернет огласувала дека издава станови во Тетово, а телефонски ги убедувала да уплатат пари на сметка
По преземени мерки и активности, на 07.01.2026 полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје. Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас …
Continue Reading
Државјанин на Турција нападнат на Бит Пазар, му било оштетено и возилото
Полицијата во Скопје постапува по пријава на државјанин на Турција со престој во главниот град, кој пријавил дека бил пресретнат и физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар. Како што соопшти СВР Скопје, според пријавеното, на 5 јануари околу 17:50 часот, бил пресретнат од лице со иницијали В.Ф. и уште едно лице, по што В.Ф. почнал да удира по неговото …
Continue Reading
На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени
Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна. Се работи за С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Турција кои биле уапсени вчера на автопатот Гостивар–Тетово. Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале …
Continue Reading
Тешко повредени двајца млади лица во судир меѓу автомобил и трицикл во Скопје
Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на булеварот „Србија“ во Скопје, тешко биле повредени две лица кои се превезувале со трицикл „томос“. Според информацијата од СВР Скопје, на 6 јануари 2026 година околу 21:50 часот било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч. (63) од Прилеп, со престој во Скопје, …
Continue Reading