Истрага за полов напад и уцена на девојче во липковско

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството. „Првоосомничениот, спротивно на јасно изразена …

Continue Reading

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од …

Continue Reading

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје околу 11:30 часот, во која патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди, а возачот со возилото избега од местото на настанот, информираат …

Continue Reading

Четворица кавадарчани лишени од слобода оти украле ламинат од магацин

Четворица жители на Кавадарци, на возраст од 26 до 32 години, се лишени од слобода поради сомнение дека одзеле ламинат од магацин. „На 09.01.2026, во времето од 16:00 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26), сите од Кавадарци. Тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од …

Continue Reading

Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица

Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил …

Continue Reading

Две жени тешко повредени додека се движеле пеш во одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Во два одделни сообраќајни инциденти што се случиле вчера во Скопје и околината, две жени пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени на лекување. Првата несреќа била пријавена во раните утрински часови. Околу 06:50 часот, во селото Петровец, во општина Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Д.К. од Петровец, удрило во …

Continue Reading

Уапсени крадци од Куманово и кумановско, следуваат соодветни пријави

Ноќеска во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 30-годишниот А.С. од село Романовце, кумановско. Тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети. Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 32-годишниот У.З. од Куманово. Тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба …

Continue Reading

Уапсени мажи во Кичево и општина Старо Нагоричане: возеле под дејство на алкохол

Вчера во 23:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.С.(45) од Кичево. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта. Вчера вечер, во 22:10 часoт во …

Continue Reading