Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: замрзнат имот во Србија и Македонија на осомничен за злоупотреби во РЕК Битола
Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби …
Continue Reading
Во Скопје уапсени Турци и Узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи
Полицијата во Скопје уапси Турци и Узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи. Според информациите на МВР, доцна синоќа во 01.30 часот, полициски службеници ги лишија од слобода А.З.(30), З.А.(26), Е.С.О.(20) и А.У.(51), сите од Турција, и Н.А.Т.(39) и А.Д.М.У.(27), двајцата од Узбекистан, поради сомнение за сторен прекршок по член 212 од Законот за странци и член …
Continue Reading
Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба
Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи. Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје. Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна …
Continue Reading
Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник
Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј. Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.
Continue Reading
Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат
Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило. Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Continue Reading
Уапсен 70-годишен Германец на Табановце: пронајдена е марихуана во возилото кое го управувал
Вчера во 12:31 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници гo лишија од слобода 70-годишниот Р.Е.Р.Л. од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возило „фиат” – кампер со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него …
Continue Reading
Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот …
Continue Reading
Изгоре куќа во Драчево, нема повредени
Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Драчево во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на Г.Д.(69) и Д.П.(71), двајцата од Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.
Continue Reading
Прегазена жена во Ресен, пренесена е во болница со тешки повреди
Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
Continue Reading