36-годишен маж од Гостивар измамен за сума од 7.200 денари

Вчера во 15:45 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 7.200 денари. Според пријавеното, контактирал со едно женско лице, во врска со оглас на социјална мрежа за издавање стан во Скопје. Откако се договориле, капарот го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано, по што …

Continue Reading

Ограбена аптека во Центар

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека на 17/18.10.2025 во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и погоден алат влегло во објектот и од касите одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Тешка сообраќајна несреќа во Струшко: повредени се неколку лица

Вчера околу 16:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на локалниот пат за село Подгорци, струшко, на место викано „Орешки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(45) од с.Подгорци, струшко и патничко возило „цитрен саксо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од с.Подгорци, струшко. Во несреќата со тешки телесни …

Continue Reading

Возел пијан и предизвикал сообраќајка: уапсен 30-годишник од Крива Паланка

Вчера во 16:24 часот во село Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода 30-годишниот С.В. од Крива Паланка. Претходно, тој со возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб пред угостителски објект во селото. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека С.В. е под дејство …

Continue Reading

Уапсен кавадарчанец, возел пијан и престигнал колона возила кои чекале на црвено светло на семафор

Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 48-годишниот П.К. од Кавадарци. При преземање мерки по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки престигнал седум возила кои биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на …

Continue Reading

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.   Се работи за автомобил форд фокус.

Continue Reading

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени. Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки …

Continue Reading

Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. …

Continue Reading

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. „Синоќа  во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко …

Continue Reading