Уапсени татко и син од Тетово: пронајдени марихуана и пиштол
Вчера во 15:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 23-годишниот А.В. од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во Тетово, каде бил присутен неговиот татко Б.В.(46), при што се пронајдени пиштол и две рамки сo шест и седум куршуми, без …
Continue Reading
Малолетник од Струмица превезувал мигранти од Египет и Сирија: уапсен е тој и 18-годишник од Богданци
Вчера околу 22:10 часот кај место викано „Дубрава“, полициски службеници од Полициската станица за гранични премин и гранична контрола Дојран ги лишија од слобода Ф.М.(18) од Богданци и 17-годишник од Струмица. Претходно, полициските службеници ги забележале лицата како со патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, а сопатник бил Ф.М., превезуваат мигранти. Подоцна, пред Богданци, возилото …
Continue Reading
(Фото) Претрес во Богданци, пронајдена дрога, уапсен 54-годишник
Вчера во 13:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Р.(54) од Богданци. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу еден килограм и 100 грама марихуана, четири засадени стебла канабис, остатоци од гранки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во …
Continue Reading
Со запаливо средство опожарил патничко возило: кривична пријава против пироман од Скопје
СВР Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И.(37) од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.10.2025 на ул.„Народни херои“ во Скопје со запаливо средство предизвикал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) …
Continue Reading
Товарно возило со српски ознаки удрило во објект на царинската управа: ги оштетил покривот и рампата
Вчера окoлу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг простор од царински терминал, товарно возило „волво“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од Ј.Н.(44) од Р.Србија, удрило во објект на царинската управа и оштетило дел од кровот и рампата. Полицијата информира дека е извршен увид од увидна екипа од …
Continue Reading
Скопјанка истепана од сестра и
Скопјанка пријавила дека била нападната од нејзината сестра, соопшти полицијата. Во СВР Скопје вчера во 14:30 часот, 63-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.10.2025 околу 19:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината сестра С.В.. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Загина 69-годишен маж: со возилото излетал од патот во Гостиварско
Вчера во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново, на влез за с.Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с.Беловиште, гостиварско, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар …
Continue Reading
Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство
Полицијата денеска спаси 34-годишен маж од кумановско кој сакал да се самоубие скокајќи од мост. Според информациите на МВР, денеска во 10:40 часот, по претходна пријава за лице кое сака да се самоубие, полициски службеници од СВР Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово спасија 34-годишно лице од кумановско, кое се обидело да се фрли од „Искрин мост“ …
Continue Reading
Трошела пари за патувања во странство: поднесено обвинение за поранешна директорка на ученичкиот дом „Мирка Гинова“
Основното јавно обвинителство Битола, по спроведена претходна постапка, до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешна директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“, која е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување и Ффалсификување исправа, како и две кривични дела предвидени во Законот за трансформација во редовен работен однос. Со продолжените злоупотреби на службената положба во текот на 2022 и …
Continue Reading