Изгоре камп приколка на нива во Долно Лисиче, нема повредени
Во саботата попладне, околу 17:20 часот, во нива во атарот на селото Долно Лисиче, скопско, избувнал пожар во камп приколка во која престојувал 68-годишниот В.Н.. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во пожарот нема повредени лица, а огнот бил брзо изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. На местото на настанот бил извршен увид од …
Continue Reading
Малолетник уапсен во Струга, со нож тешко повредил 24-годишно момче од Вевчани
Синоќа околу 50 минути по полноќ, струшката полиција уапсила 17-годишно лице од селото Ташмаруништа, осомничено дека со нож тешко повредило 24-годишен маж од Вевчани. Инцидентот се случил на улицата 15 корпус во Струга, по претходна расправија меѓу двајцата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, малолетникот со нож го прободел М.П. (24), по што повредениот бил пренесен со возило на …
Continue Reading
Внук ја пронашол починатата баба во Кисела Вода, и’ се слошило и паднала
Жена на 77-годишна возраст била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, соопшти МВР. Случајот на 24 октомври околу 12:50 часот во СВР Скопје го пријавил нејзиниот внук, И.С.Т., кој ја пронашол својата баба Д.С. во куќата. Според пријавеното, ѝ се слошило и паднала, по што лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид извршила …
Continue Reading
Млад скопјанец пријавен за обљуба врз малолетничка, делото го извршувал во повеќе наврати
Полицијата поднесе кривична пријава против 19-годишен жител на Скопје поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка. Како што информира МВР, делото било извршено во повеќе наврати, во периодот од октомври до декември 2024 година во Скопје.
Continue Reading
Работник нашол човечки коски кај студентскиот дом „Стив Наумов“ додека копал со багер
Работник од Пехчево пронашол коски кои наликувале на човечки при извршување ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба. Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена во текот на вчерашниот ден од 39-годишниот Г.Ј. од Пехчево, кој ги извршувал работите во близина на старите гробишта. По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се …
Continue Reading
Тројца тешко повредени во сообраќајки во Скопје и Битола
Тројца граѓани се здобиле со тешки телесни повреди во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле на 24 октомври во Скопје и Битола, соопшти МВР. Во 19:15 часот во скопското село Марино, на крстосницата од улиците „532“ и „531“, се судриле патничко возило „Тојота Рав 4“ управувано од 63-годишниот Г.Т. од Марино и мопед со кој управувал 32-годишниот С.Г. од …
Continue Reading
Се запали угостителски објект во Пештани, сопственикот вдишал чад и е пренесен во болница
Вчера во полицијата во Охрид било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на А.П.(44) од истото село. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош, соопшти СВР Охрид. Увид изврши полициска екипа.
Continue Reading
Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава
По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка …
Continue Reading
Откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога во Неготино
Полицијата во Неготино откри импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци. Поднесена е кривична пријава и одреден е притвор против едно лице. На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци …
Continue Reading