Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откако потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., на работно место „самостоен инспектор“ во Одделот за сузбивање на организиран …

Continue Reading

Уапсени двајца мажи во Велес и Неготино, возеле под дејство на алкохол

Вчера во 16:40 часот, на регионален пат Штип-Велес, во близина на крстоцница кај село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 34-годишниот В.М. од село Иванковци, велешко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,84 промили алкохол …

Continue Reading

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот кој со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари. Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал …

Continue Reading

Пронајдена автоматска пушка во скопско, уапсени две лица

Пронајдена автоматска пушка во автомобил на патот од Арачиново кон Брњарци, уапсени се две лица. Според информациите на МВР, вчера во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино. При преглед на патничко возило „ауди“, кое …

Continue Reading

Уапсен скопјанецот кој синоќа пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т. од Скопје. Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот. По документирање …

Continue Reading

Се бара притвор за битолчанка: оставала марихуана на ѕидна ограда од кадешто купувачите си ја подигнувале

Основното јавно обвинителство Битола денеска поведе истрага и предложи мерка притвор за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, против 33-годишна битолчанка. Таа во периодот од 3 март до 25 октомври годинава неовластено држела и продавала наркотична дрога марихуана. Помали пакувања од дрогата, во неколку наврати оставала на надворешниот дел од ѕидна ограда од станбен …

Continue Reading

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за брзи кредити во главниот град. Според обвинителството, првото разбојништво било извршено на 15 август во просториите на фирмата во Градскиот трговски центар. Осомничениот седнал на столче за клиенти, а кога вработената го прашала колку пари сака, извадил пиштол и ѝ …

Continue Reading

Малолетни девојчиња нападнале врсничка во Чаир, додека ја удирале уште едно девојче снимало со телефон

Во Скопје е пријавен нов инцидент на малолетничко насилство, овојпат на подрачјето на Чаир, меѓу девојчиња. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две врснички, кои ги познавала. Настанот се случил вчера, околу пладне. Трето малолетно девојче, кое било присутно, со мобилен телефон го снимало целиот напад. …

Continue Reading

Скопјанка нападната од поранешниот партнер во Кисела Вода

Триесет и двегодишна жена од Скопје пријавија во полицијата дека околу 06:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Т.(31) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Continue Reading