Откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога во Неготино
Полицијата во Неготино откри импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци. Поднесена е кривична пријава и одреден е притвор против едно лице. На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци …
Continue Reading
(Фото) Сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево, се судрија два автомобили и камион
Денеска околу 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х. Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска …
Continue Reading
Со четирицикл удрил во ѕид од куќа: тешко повреден скопјанец
Ноќеска во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Continue Reading
Охриѓанец го претепал татко си
Синоќа во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Continue Reading
Уапсени двајца тетовчани: истепале полицајци, а кај едниот е пронајдена марихуана
Денеска во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и зато ашто при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана. Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен …
Continue Reading
Веселба со истрели во Житоше: 26-годишник славел пукајќи во воздух
Полицијата ги приведе В.Е.(26) и Б.Е.(57), двајцата од селото Житоше, затоа што на семејна веселба пред куќата каде што живее во с.Житоше, В.Е. во воздух испукал неколку истрели од огнено оружје. На лице место пронајдени се чаури, а од лицата одземени се гасен пиштол, сопственост на В.Е. и ловна пушка и дозвола за поседување на име на Б.Е.. По документирање …
Continue Reading
Пукал од „бмв“ на семејна веселба – 21-годишен тетовец се пофалил на социјални мрежи, па завршил во полициска станица
Веселбата во тетовското село Желино завршила со полициска интервенција откако млад маж решил да прослави на опасен начин. Според информациите од МВР, 21-годишниот С.Ш. од Голема Речица бил уапсен откако пукал со огнено оружје од своето патничко возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблички – и целиот настан го објавил на социјална мрежа. Инцидентот се случил вчера околу 10 часот …
Continue Reading
Насилство во Аеродром: Партнер на вработена го нападнал нејзиниот колега во спортска обложувалница, заврши со оштетено возило и повреди
Вчера во Скопје бил пријавен физички напад кој се случил на подрачјето на општина Аеродром. Според информациите од МВР, 42-годишниот Ј.Ц. од Скопје пријавил дека околу 15:45 часот, по вербална расправија со негова колешка во спортска обложувалница, бил нападнат откако излегол од објектот. Нападот го извршиле две лица – М.Ж. и М.В., кој воедно бил партнер на колешката. Едниот од …
Continue Reading
Tинејџери се тепале пред средно училиште во Аеродром
Во текот на вчерашниот ден пред средно училиште на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Т.(18) и 17-годишник, двајцата ученици во училиштето, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.
Continue Reading