Приведен велешанец кој со 3,06 промили алкохол се јавил во полициска станица и навредувал полицајци, потоа бил агресивен, велат од МВР

Велешката полиција синоќа го приведе 52-годишниот М.У. од Велес, откако најпрво се јавил во полициска станица и ги омаловажувал службените лица, а потоа и на улицата „Јовче Тикваров“ агресивно се однесувал кон полицајци кои биле на терен и вршеле службени дејствија. Според СВР Велес, настанот се случил синоќа околу 20:30 часот. При приведувањето, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол …

Continue Reading

Судир меѓу „мерцедес“ и мопед на Партизанска, тешко повреден 17-годишник

Синоќа во полицијата било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(25) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник кој се превезувал на мопедот. Повредите биле констатирани во Градската општа …

Continue Reading

Струмичанец измамил постари жени со приказна за „итна операција“, приведен со 15.000 евра кај себе

38-годишниот О.В. од Струмица е приведен под сомнение дека учествувал во серија измами на постари лица, користејќи лажна приказна за итни операции на блиски роднини. Кај него се пронајдени над 15.000 евра и 50 швајцарски франци, за кои се верува дека се стекнати со криминални активности. Според информациите од полицијата во овој град, осомничениот во два случаи успеал да измами …

Continue Reading

Двајца млади возачи фатени без дозвола во Струга и Кичево, одземени им се возилата

Во два одделни случаи, полицијата во Струга и Кичево привела млади возачи кои управувале возила без положен возачки испит. На двата инцидента им претходеле рутински контроли во сообраќајот, по што возилата им биле одземени. На 8 февруари околу 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље–Струга, полициски службеници го сопреле патничко возило „Фолксваген Поло“ со струшки регистарски таблички. При проверката било утврдено …

Continue Reading

Нападнати деца на училиште, во автобус, градинка – во Скопје пријавени повеќе случаи на насилство со малолетници за еден ден

Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи. Напад во автобус на ЈСП Татко пријавил дека вчера неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од селото Батинци, додека се …

Continue Reading

Возило удри во 7-годишно девојче во Куманово, со повреди донесено на Клиника

Во текот на вчерашниот ден на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишно девојче од Куманово. Како што соопшти МВР, возилото го управувала 23-годишната С.В. од Куманово. Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршила …

Continue Reading

(Фото) Експлозија во куќа во охридско, повредено едно лице

Едно лице е повредено во експлозија што се случила денеска во охридското село Велгошти, информира територијалната противпожарна единица Охрид. „Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение …

Continue Reading

Уапсен крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор

Полицијата уапси крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор. Тој е спроведен во Затвор Струмица за доиздржување на казната. Вчера во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран …

Continue Reading

Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси

Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари. Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за …

Continue Reading