Уапсен водич на навивачка група во Тетово
Вчера во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група. Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и …
Continue Reading
Мирис на хлор и зголемена пареа на базен во Охрид, четири лица пренесени во болница
Вчера во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност, информира СВР-Охрид. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички …
Continue Reading
Уапсени четворица мажи: возеле пијани, а двајца од нив удриле во паркирани возила
Ноќеска во 00:40 часот на улицата „Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 38-годишниот А.Ј. од Свети Николе. Претходно, тој со патничко возило „тојота“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во две паркирани возила и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,97 …
Continue Reading
Пронајден пиштол во Кисела Вода, уапсен скопјанец
Вчера во 21:00 часот во Скопје, на територија на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот А.Г. од Скопје. Полициските службеници на булеварот „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршуми. …
Continue Reading
Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јануари, по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која …
Continue Reading
Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки на стадионот „Борис Трајковски“
Двајца малолетници вчера биле нападнати од насилници со фантомки на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Според информациите на МВР, вчера во 13:15 часот Е.О.(37) од Скопје пријави дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари кои заминале на фудбалскиот стадион „Борис Трајковски“ да гледаат фудбалски натпревар, бил физички нападнат од неколку лица …
Continue Reading
Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да ја убие сопствената баба. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба. На 17 јануари, откако претходно ја блокирал и ја затворил влезната …
Continue Reading
Ограбени две финансиски друштва во Скопје во рок од еден час
Во раните утрински часови на 17 јануари 2026 година, во Скопје се случиле две кражби во објекти на финансиски друштва, при што биле одземени сефови со пари. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првата кражба била пријавена во 04:44 часот во скопската општина Гази Баба, каде што насилно било влезено во објект на финансиско друштво и одземени биле пари …
Continue Reading
Битолчанец се сомничи за напад врз неговата 79-годишна баба, со тешки повреди пренесена во болница
Полицијата вчера го приведе Т.Р. (28) од Битола, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 79-годишна баба во семејниот дом. Според информациите од полицијата, при нападот на жената ѝ биле нанесени тешки телесни повреди. Таа со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ била укажана лекарска …
Continue Reading