Малолетници украле автомобил од автоплац во Дебар, на бравата имало клуч
Малолетници украле автомобил од автоплац во Дебар, а според информациите од полицијата, на бравата имало клуч. Полицијата, до Основното јавно обвинителство Кичево, поднесе посебен извештај против тројца малолетни деца од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Според информациите на СВР Охрид, на 19 октомври, од автоплац на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, тие одзеле патничко моторно …
Continue Reading
На ГП Делчево уапсен 38-годишник од Романија: кај него е пронајдена дрога
Вчера во 23:30 часот на Граничен премин Делчево, на влез во државата, полициски службеници од ГП Делчево при РЦ за ГР Исток го лишија од слобода 38-годишниот П.Л.О. од Романија. При преглед во неговиот багаж биле пронајдени и одземени две тегли со марихуана и ЛСД. Лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на …
Continue Reading
Навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа и им нанеле финансиска штета: кривична против две лица
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и А.С.(38) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик, извести МВР. Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација, на канал со неколку стотици …
Continue Reading
Вработена во скопско средно училиште пријавила дека била нападната од малолетник
Педесетгодишна жена пријавила во полиција дека била физички нападната од малолетник додека била на своето работно место во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје. „На 28.10.2026 во СВР Скопје, Б.Ш.(50) од Скопје, вработена во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, пријавила дека, додека била на своето работно место, била физички нападната малолетник. Се преземаат мерки за …
Continue Reading
МВР за пожарот во „Стив Наумов“: Студент го изгаснал запалениот бојлер, нема повредени
Студент со противпожарен апарат го изгаснал пожарот што вчера избувнал на бојлер во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Во инцидентот нема повредени лица, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, пожарот настанал вчера околу 12:30 часот, а бил пријавен во СВР Скопје во 13 часот. За проблемите во студентскиот дом вчера алармираа и од „Студентски отпор“, од …
Continue Reading
Кривична пријава за силување дете помало од 15 години, осомничениот вршел полови дејствија во период од осум месеци
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р. поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Пријавениот во периодот од февруари до октомври годинава вршел полови дејствија врз дете помало од 15 години, соопшти МВР.
Continue Reading
Жител на Злетово измамил лице за 860.000 денари, го навел да испрати пари во четири држави
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. од селото Злетово, пробиштипско, поради сомнение дека измамил лице за 860.000 денари, наведувајќи го да изврши повеќе парични трансфери кон странство. Според информациите од МВР, во периодот од 20 август 2024 до 15 јануари 2026 година, пријавениот со лажно прикажување факти го довел оштетениот во заблуда, по што тој преку услуги за брз …
Continue Reading
Затвореник фатен со дрога додека користел отсуство од затвор
Дваесет и седумгодишен битолчанец, кој издржувал затворска казна, е приведен во Градско откако полицијата кај него пронашла повеќе видови дрога. Според информациите од полицијата, во моментот користел отсуство од затвор. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и таблети. За случајот бил известен јавен обвинител, а битолчанецот бил спроведен во Казнено-поправната установа …
Continue Reading
Сообраќајна несреќа во Скопје: „мерцедес“ удрил во пешак, тој се здобил со тешки повреди
Педесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта на булеварот „Никола Карев“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 20:40 часот, кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот Ф.А. од Скопје, удрило во 50-годишниот Д.Ф., исто така од Скопје. Пешакот се здобил со тешки телесни …
Continue Reading