18-годишен скопјанец доби кривична пријава за силување девојче помладо од 15 години
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишен скопјанец поради сомнение дека извршил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. „На 2 октомври 2025 година, во напуштена куќа на подрачјето на Шуто Оризари, пријавениот Ј. А. извршил обљуба врз малолетничка“, велат од МВР.
Continue Reading
Девојче во Велес дошло на училиште со видливи повреди, случајот пријавен во полиција
Кај ученичка во основно училиште во Велес биле забележани видливи повреди, по што бил извршен лекарски преглед, а случајот бил пријавен во полиција. Стручната служба во училиштето го известила Центарот за социјални работи во Велес за забележаните повреди кај детето. Центарот вчера (26 октомври) го пријавил случајот во СВР Велес, по што полициски службеници извршиле службен разговор со 57-годишна велешанка, …
Continue Reading
Подигнале станбен кредит, па ѝ ги зел парите и одбивал да се сретне со неа, уапсен 30-годишен скопјанец
Триесетгодишен скопјанец е уапсен откако негова 40-годишна познаничка го пријавила во полиција дека ја измамил за 1.558.300 денари, по претходен договор за подигнување станбен кредит. Жената пријавила дека претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка, но по завршувањето на процедурата, мажот ѝ ги зел парите и одбивал да се сретне со неа. Постапувајќи по пријавата, полициски службеници од …
Continue Reading
Семејна расправија во Штип прераснала во насилство: син го нападнал татка си, па со автомобилот удрил во неговото возило додека бегал
Педесет и шестгодишен маж од Штип е уапсен под сомнение дека физички го нападнал својот 79-годишен татко, а потоа со автомобил го следел и удрил во неговото возило, со намера да го исфрли од коловозот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 24 октомври, кога по кратка расправија Г. Т. (56) физички го нападнал својот татко. …
Continue Reading
Автомобил удри во 81-годишна скопјанка, од тешките повреди починала во болница
Осумдесет и едногодишна жена од скопското село Стајковци починала од повредите со кои се здобила откако била удрена од автомобил на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера (26 октомври) во 18:19 часот во СВР Скопје. Патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И. С. (62) од …
Continue Reading
Нова смрт со траги од насилство во Ѓорче Петров – ќерка ја пронашла почината својата 76-годишна мајка
Седумдесет и шестгодишна жена е пронајдена почината со видливи траги од насилство во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската општина Ѓорче Петров. Ова е втор случај за само пет дена во истата општина во кој лице е пронајдено починато во дом со траги од насилство. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот денеска (27 октомври), во 9:18 часот, …
Continue Reading
Кривична против 19-годишник од Скопје за „вонбрачен живот со дете“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. На 08.09.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот кој го користел во Струга, пријавениот бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје. Малолетничката е предадено на претставници на …
Continue Reading
Охриѓанки се степаа среде улица: едната со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 12:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, М.Х физички ја нападнала 59-годишната Б.Х., двете од Охрид, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По целосно документирање на настанот, против М.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
(Фото) Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч: уапсен 69-годишен маж
Вчера околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 69-годишниот Ј.П. од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа …
Continue Reading