(Видео) „Ова е еколошка катастрофа“ – нафтена дамка се појави во Јадранското Море

Screenshot-2024-06-09-180058.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Хрватската општина Медулин ги извести жителите дека во раните утрински часови во кампот Ступице во Премантура е забележана пловечка материја, чиј мирис и својства наликуваат на нафтени деривати.

– Општина Медулин и ЈУ Камењак веднаш ги испратија сите служби на терен, ги известија сите надлежни служби и почнаа со поставување на впивачка брана и чистење на теренот. По детална анализа ќе бидат објавени повеќе информации – соопштуваат од Општината.

Читателите на порталот „Истра24“ кои престојуваат во кампот Ступице велат дека станува збор за еколошка катастрофа. Истиот портал неофицијално дознава дека дамката е откриена утрово и е видлива на неколку стотини метри од брегот на Премантура. Општина Медулин објави известување за дамката во 15 часот.

Наводно, голем танкер синоќа бил забележан како многу брзо поминува покрај брегот на Медулин. Сите надлежни општински, жупаниски и државни служби се на терен. Читател на „Истарски“ објави дека дамката се проширила од Бодулаш до Леваниќ и низ Кварнер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK