Исчезна 11-годишно девојче од Грција, се претпоставува дека нејзиниот живот е во опасност

alert.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Организацијата „Насмевката на детето“ активира  тревога поради исчезнување на 11-годишно девојче од селото Миртија во областа Илија во западниот дел на Грција.

За исчезнувањето на девојчето денеска била информирана организацијата  и веднаш по наредба на обвинител бил активиран механизмот за тревога Амбер бидејќи постојат причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност, јавуваат грчките медиуми.

Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри.

На денот на нејзиното исчезнување носела бел фустан и бели влечки.

Секој кој има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK